Маж се здобил со тешки повреди откако паднал од мост висок 5 метри.
Според информации на МВР, вчера во 13:00 чaсот пријавено е дека при изведба на градежни работи на мостот на Дреновска клисура 45-годишниот Н.М. од Тетово, паднал од мостот на висина од околу 5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.
По укажаната медицинска помош повредениот е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.