Вчера во 15:50 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово излетало од патот.
Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар – Штип, се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.
Извршен е увид на местото на настанот.