Кумановец почина на местото на тешката несреќата која се случи вчера во 14.30 часот на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“.
Како што соопштија од полицијата, Д.Б. (36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.