Хроника 15. јули 2020. / 15:35

Нерегуларности во Кочани: Организиран транспорт на гласачи и четири пријави за поткуп

Нерегуларности во Кочани: Организиран транспорт на гласачи и четири пријави за поткуп

На подрачјето на СВР Штип, во полициската станица очани поднесени се четири пријави за изборни нерегуларности.

Поднесена е писмена пријава дека со патничко возило „Мерцедес“ во н. Оризари се врши транспорт на гласачи, организирано .

Исто така поднесена е писмена пријава дека З.С бил извршен обид за влијание и поткуп на гласачи.

Во третиот случај пријавено е дека околу 12,30часот непознато лице со патничко возило „Форд“ кај ИМ 856 вршел поткуп на гласачи.

А имало и телефонска пријава од непознато лице дека дека Б.С вршел поткуп на гласачи на ул. „14-та Бригада“ во Кочани и И.Л, кој што се движел со велосипед низ централното градско подрачје бил вршен поткуп на гласачи .