Хроника 22. февруари 2019. / 17:03

Непознато лице фрлило бомба врз куќа во Ѓорче Петров

Непознато лице фрлило бомба врз куќа во Ѓорче Петров

Автомобил, гаража и дел од куќа се оштетени во експлозија на бомба, ноќеска во скопската населба Ѓорче Петров, информираше МВР.

-На 22.02.2019 година околу 2.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(44) од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. Била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Ѓ.С.(72). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.