Хроника 07. март 2021. / 14:03

Неофицијално: Откако автомобил го удрил, велосипедист подлегнал на повредите

Неофицијално: Откако автомобил го удрил, велосипедист подлегнал на повредите

Тешка сообраќајна несреќа на стариот пат Охрид – Струга во близина на автобуска постојка.

– Сообраќајна незгода се случи на стариот пат Охрид – Струга во близина на автобуска постојка, помеѓу автомобил и велосипедист. Увид на местото на незгодата вршат полициски екипи, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Неофицијално дознаваме дека велосипедистот им подлегнал на повредите.