Хроника 12. август 2018. / 14:03

Неколку малолетници извадиле граната од брегот на езеро кај Радожда

Неколку малолетници извадиле граната од брегот на езеро кај Радожда

Неколку малолетници од Струга вчера од брегот на езерото извадиле граната, по што случајот бил пријавен во полиција.

– На 11.08.2018 година околу 11.00 часот во Полициската станица Струга, П.П. (64) од село Радожда, струшко, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во село Радожда. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка, информираат од МВР.