Хроника 12. октомври 2019. / 17:52

Неисправна плинска боца запали два стана во Охрид

Неисправна плинска боца запали два стана во Охрид

Поради неисправна плинска боца, вчера околу 16,00 часот, во стан на булевар „Туристичка“ во Охрид, настанал пожар, во кој, К.С.(71) од Охрид се здобила со изгореници на десната рака.

Пожарот, предизвикал оштетување и на соседниот стан, сопственост на С.П. од Охрид.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица која го изгасила пожарот.