Хроника 26. јануари 2020. / 13:53

Неготинецот приведен поради повеќе кривични дела спроведен во затвор

Неготинецот приведен поради повеќе кривични дела спроведен во затвор

Неготинецот кој завчера бил приведен и задржан во полиција поради повеќе кривични дела, а по него биле распишани и потерници, вчера по наредба од Основен  суд Неготино, полициски службеници го спровеле  до Казнено поправната установа затвор Гевгелија.

– Неготинецот Д.К. на возраст од 32 години, бил приведен и задржан  поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела, распишани  потерници и објави – соопштија  од МВР.

Со случајот бил запознат и  јавен обвинител.