Охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини се приведени и спроведени во осум дневен притвор, поради нападот на нивниот сограѓанин, Спире Топалоски, дознава „А1он“.
Полицијата не можеше да ги пронајде изминативе шест дена, а неофицијално, сега сами се пријавиле во полициска станица. На нив, судот им ја изрече оваа мерка поради можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегство.
Полицијата веќе изврши претрес во домовите на осомничените, но не ги пронајде нив бидејќи и двајцата се во бегство. Исто така, одземени се и снимките од објектот каде се случил инцидентот, а од нив е констатирано дека бил употребен пиштол во нападот на Топалоски.
Нападот на Топалоски се случи пред два дена пред познат охридски хотел. Според сведочењето на нападнатиот за „А1он“, Усеини заедно со брат му и уште две лица прво му извадиле пиштол на него ни неговото малолетно дете, за потоа, со оружјето да го маваат по глава.
Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден криминалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, изјави Топалоски за „А1он“ дента кога се случи инцидентот.
Целиот текст на А1 он можете да го прочитате ТУКА.