Хроника 27. август 2018. / 11:49

Недоразбирања за меѓа била причината за тројното убиство во Дебар

Недоразбирања за меѓа била причината за тројното убиство во Дебар

Банална била причината за тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар – расправија околу пат за проаѓање меѓу нивните две куќи. Убиени се А.П. (54), неговата сопруга Н.П. (54) и нивната 14-годишна ќерка. Неофицијално, осомничен е зетот за сестра на А.П.

Цел Дебар е во шок и неверување. Дебарскиот градоначалник, Ружди Љата за МИА изјавил дека ваков трагичен настан не се случил во последниот век.

„Најпрво изразувам длабоко и искрено сочувство со најбилските на убиените. Навистина е жално, за што нема никакво оправдување. Ваква трагедија во нашиот град не се случил во изминатиот еден век“, кусо изјави Љата.

Од МВР информираат дека трагичниот настан се случил вчера околу три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец, со пиштол најпрво, во спалната соба ги застрелал сопружниците, а потоа и нивната ќерка.

По наредна на јавен обвинител од Гостивар, под чија надлежност е делото, телата се дадени на обдукција.

Истрагата сѐ уште ги утвдува мотивите. Неофицијално, причината е расправијата меѓу А.П. и неговиот зет за сестра за меѓата меѓу нивните две куќи каде требало да поминува патче за проаѓање.

Семејството на настараданиот живееле во Италија. Тие летово биле дојдени во родниот крај, а нивните две повозрасни деца неодамна заминале за Италија на работа.