Хроника 19. март 2020. / 12:54

Не мируваат ниту за време на корона- фатени крадци во поранешниот рудник „Дамјан“,

Не мируваат ниту за време на корона- фатени крадци во поранешниот рудник „Дамјан“,

Двајца жители на Радовиш, С.С.(48) и Г.Ј. (61), вчера попладне биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“во кругот на поранешниот рудник „Дамјан“, соопштија од СВР-Струмица.

Полицијата ги одзела украдените предмети, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство во Радовиш.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.