Тројца жители на Скопје, меѓу кои 12-годишник завршиле во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се започнало вчера околу 13 и 30 часот кога дедо од село Кучевиште и неговиот внук отишле на место викано „Кучкарник“, на езерце во близина на рудник да ловат риби.
Во еден момент таму пристигнал и четериесет и осум годишен жител на село Мирковци, кој се претставил како сопственик на езерцето. По кратка вербална расправија тој со тврд предмет го удрил дедото во пределот на главата. Откако забележал дека е повреден ги зел двајцата во неговото возило и се упатил кон Мирковци.
На пат кон селото тој се судрил со возило управувано од жител на Скопје по што тројца биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар, на дедото му биле констатирани тешки телесни повреди, а како последица од незгодата со телесни повреди се здобил и неговиот 12 годишен внук, како и напаѓачот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.