Хроника 24. јануари 2020. / 13:26

Најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете

Најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете

Најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете кое користи дрога со инјектирање. Исто така има и многу помали деца кои „дишат“ лепак или други супстанци. Два проценти од средношколците на 16 години пробале опијат, покажала студијата направена на територијата на целата држава.

Невладините велат, состојбата е алармантна и апелираат до родителите да не се срамат, туку да побараат помош за своето дете, пишува „Скопје инфо“.