Во послдните 24 часа во Србија се забележани 2.282 нови случаи на ковид-19, а починати се десет лица.
Тестирани се 12.947 примероци.
На респиратори се наоѓаат 74 пациенти, додека хоспитализирани се 2.307 лица.
Досега во Србија на коронавирус се тестирани 1.401.663 лица.
Од почетокот на пандемијата, во Србија се потврдени 57.958 случаи на ковид-19, додека 871 пациент починал од последниците на болеста.
Денеска кризниот штаб во таа земја донесе одлука да се ограничи собирањето на луѓе на максимум пет лица на затворено и отворено. Тоа денес на конференција за новинари го соопшти Епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.