Хроника 07. август 2019. / 11:05

На скопскиот аеродром уапсена државјанка на Република Турција

На скопскиот аеродром уапсена државјанка на Република Турција

Апсење на скопскиот аеродром, причината за апсењето е што државјанката на Република Турција сакала да патува со фаслификуван пасош.

Како што информираат од МВР, утринава во 03,20 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ на излез од РСМакедонија, од страна на полициски службеници приведена била Х.К.(52) од Турција, поради постоење на основи на сомнение дека приложила фалсификувана патна исправа. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ-Север за понатамошна постапка.