Хроника 28. февруари 2021. / 14:03

На скопскиот аеродром приведени двајца британски државјани

На скопскиот аеродром приведени двајца британски државјани

На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 04.30 часот поради приложени фалсификувани негативни ПЦР тестови, од слобода биле лишени В.Б.(37) и Д.Х.(12), двајцата од Велика Британија.

МВР денеска информриа дека тие биле предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.