Хроника 10. јули 2020. / 11:44

На скопскиот аеродром приведен гостиварец кој му се заканувал на функционер на Владата

На скопскиот аеродром приведен гостиварец кој му се заканувал на функционер на Владата

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ синоќа е приведен М.М. (28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.

МВР денеска соопшти дека на 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик.

– М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република С. Македонија. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар, се појаснува во соопштението од МВР.