Хроника 10. декември 2018. / 17:03

На Скопскиот аеродром патник во долна облека криел 80.000 евра

На Скопскиот аеродром патник во долна облека криел 80.000 евра

Царинските службеници на скопскиот аеродром пронајдоа 80.000 евра кај патник кој требало да лета за Истанбул. Дел од парите тој сокрил во долната облека, а дел во џебовите и во куферот.

Како што соопшти Царинската управа, викендов на Меѓународниот аеродром Скопје, за контрола бил селектиран македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул. На прашање на царинските службеници, патникот изјавил дека носи пари, но не го кажал износот.

При личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна, во џеб од панталоните, во паричник и во долната облека, како и при преглед на куферот на патникот, во книга и во несесер, биле пронајдени вкупно 82.000 евра во апоени од по 500 евра.

Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 80.000 евра биле привремено задржани, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.