Хроника 08. април 2019. / 16:44

На патот Градско-Прилеп во сообраќајна незгода тешко е повреден возач на товарно возило

На патот Градско-Прилеп во сообраќајна незгода тешко е повреден возач на товарно возило

На патот Градско-Прилеп утрово околу 7:00 часот се случила сообраќајна незгода.

Несреќата се случила помеѓу товарно возило „МАН“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(53) од Скопје и автобус марка „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Ц.(58) од Крушево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило кој е пренесен во болницата во Кавадарци.
Извршен е увид на местото на настанот.