Хроника 17. октомври 2020. / 11:49

На Ќафасан уапсено лице од Албанија барано од Интерпол

На Ќафасан уапсено лице од Албанија барано од Интерпол

Албански државјанин баран од Интерпол Атина вчера бил уапсен на граничниот премин Ќафасан.

Станува збор за 34 годишниот Ц.Л од Пешкопеја, Албанија, за кого при пасошката контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата со мерка апси, по барање на интерпол Атина, информира МВР.

Во 5 часот и 30 минути лицето било предадено на полициските службеници од полициската станица Струга за понатамошна постапка.