Хроника 26. јуни 2019. / 11:38

На Јажинце уапсен Косовец кој возел украден „голф“

На Јажинце уапсен Косовец кој возел украден  „голф“

На граничниот премин Јажинце во утринските часови на 25 јуни бил уапсен 53-годишник од Косово чиј автомобил имал фалсификуван сериски број.

Како што информираат од МВР, при контрола на автомобилот марка „фолксваген голф“ со косовска регистрација, што го управувал 53-годишникот, било костатирано дека серискиот број на возилото e фалсификуван. Косовецот бил приведен, а возилото одземено. Подоцна, тој бил предаден во тетовската полиција.