Хроника 28. јули 2020. / 12:05

На граничниот премин „Долно Блаце“ уапсен бегалец од Белгија баран од Интерпол

На граничниот премин „Долно Блаце“ уапсен бегалец од Белгија баран од Интерпол

На 27.07.2020 во 17.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле M.С.(22) од Р. Албанија бидејќи при извршени гранични проверки било констатирано дека се наоѓал на листата со мерка „Апси“, по барање на Интерпол од Белгија.

Како што информираат од МВР, лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.