Хроника 22. јануари 2019. / 10:46

На граничен премин приведено лице кое се барало со потерница

На граничен премин приведено лице кое се барало со потерница
Tabanovce

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на Граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија.

Се работи за 32-годишен маж од Куманово со иницијали С.С. кој бил осуден за извршување тешка кражба.

МВР соопшти дека лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, со цел спроведување до КПУ-Затвор Идризово.