Хроника 18. октомври 2020. / 11:41

На Долно Блаце уапсен Албанец баран со Интерпол

На Долно Блаце уапсен Албанец баран со Интерпол

На 17.10.2020 во 15:00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Македонија, при пасошка контрола кај К.Е.(37) од Р.Албанија, било утврдено дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол Грција.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.