А.Д. (31) од Делчево синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Делчево пријавил дека истиот ден во периодот од 19.30 до 19.45 часот му било украдено неговото возило „Ланд Ровер Дискавери“ со бугарски национални ознаки.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.