Хроника 27. август 2020. / 22:08

На безбедносните камери се снимени потпалувачите на камионите во Бутел?

На безбедносните камери се снимени потпалувачите на камионите во Бутел?

Три лица биле снимени од безбедносните камери како тајно се приближувале кон четирите камиони и намерно ги запалиле, трага која ја испитува полицијата, дознава Алсат М.

Од МВР потврдија дека синоќа биле запалени камиони со приколки во населбата Бутел. Изгорела и приколка без камион, а пожарот делумно оштетил уште шест камионски приколки.

Сопственикот пред полицијата рекол дека се сомнева дека пожарот е подметнат. Тој вели дека има оштета од 90 илјади евра.

Сопственикот на соседната компанија ме извести за часот. Имав два пропуштени повици во 22:23 и 22:28 часот. Ги повикав околу 22:31 часот. Веднаш дојдов тука и во тој момент имаше пожарникари и полиција и не можев да влезам со автомобил затоа што пожарот беше многу голем“, изјави Дуплек Насер- сопственик, пренесе Алсат.