Хроника 31. мај 2019. / 10:59

На автопатот Скопје-Велес, Србин е тешко повреден во сообраќајна несреќа

На автопатот Скопје-Велес, Србин е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Вчера на автопатот Скопје-Велес во близина на селото Б.Село-велешко, патничко моторно возило со српски национални ознаки управувано од Н.С.(48) од Р.Србија, излетало од патот.

Како што јави МВР, во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката С.Е.(58) се здобила со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.