Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полицијата извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 6 лица кои не ги почитувале овие мерки, информираат од МВР.
Во однос на прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од страна на полициските службеници досега се констатирани вкупно 9156 прекршувања од кои 975 прекршоци во изминатото деноноќие.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 383 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
Во државен карантин спроведени се 66 лица.