Судскиот процес за настаните во Собранието од „27 април“ во кој обвинети беа 33 лица од кои по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица, својата разрешница ќе ја добие на 15 март.
На денешното рочиште обвинетите и реплицираа на обвинителката Вилма Рускоска во врска со изнесените завршни зборови со кои беа побарани високи казни за преостанатите обвинети од овој процес.
Судскиот процес започна во август минатата година, а Судијката Добрила Кацарска на 15 март ќе ја објави пресудата.
Од пред два дена на извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април: Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и уште едно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.