МВР најави дека против сите кои ја прекршиле забраната за движење ќе бидат преземени соодветни мерки. Според официјалната информација синоќа околу 22 часот во полициската станица Гази Баба биле приведени три лица В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ и В.В. (30) од ул.„Алија Авдовиќ“ кои не го почитувале полицискиот час.
По апсењето се собрала поголема група која излегла на улицата во знак на протест.
–По изготвената документација, тројцата уапсени лица се пуштени од полициска станица, а насобраната толпа се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитувале ограничувањето на движење. велат од МВР.
Како причина за приведувањето на трите лица се споменува дека тие за време на полициски час поставувале т.н. лежечки полицаец на улицата. Постовите заедно со фотографиите за овој настан од Фејсбук профилот на еден од приведените набрзо беа избришани.