Од МВР соопштија дека полицијата пронашла 25 повредени мигранти.Меѓу мигрантите се седум малолетници, во камион кој се превртел. Полицијата наведува дека на патот се пронајдени 15 Авганистанци, девет Пакистанци и еден Ирачанин и дека сите тие се префрлени во болницата во Куманово.
Според извори за АП, еден мигрант, кој се здобил со сериозни повреди на ’рбетот е префрлен во клиничкиот центар во Скопје. Како што додава, останатите се здобиле со полесни повреди и се пуштени од болница.
Полицијата се сомнева дека групата мигранти влегла нелегално во државава од Грција. Тие ќе бидат префрлени во центарот за мигранти во Гевгелија.