Хроника 12. септември 2020. / 21:40

МВР вечерва спроведува акција за санкционирање на тркачи кои организирале трки на Скопската обиколница

МВР вечерва спроведува акција за санкционирање на тркачи кои организирале трки на Скопската обиколница

МВР попладнево и вечерва спроведува акција за санкционирање на диви тркачи кои организирале договорени трки на Скопската обиколница.

Како што информираат од МВР, повеќе мотори се одземени, а лицата кои ги управувале се приведени. Акцијата е во тек. Повеќе детали од МВР најавуваат за утре.