Здравствената состојба на 14-месечното новороденче, кое на 7 јули е примено со сериозни повреди на главата е релативно стабилизирана. Раководителката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување Маја Мојсова вели дека бебето не е на апарати за дишење.
Посочи дека откако било примено бебето направена му е компјутерска томографија, инвестигација со смисла на рендгенски снимки на коски и констатирани се повреди на мозокот, фрактури на черепот и на потколениците.
Додаде дека мајката не е со бебето, а синоќа го презеле социјалните служби и му е одреден старател со кој комуницираат.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски изјави дека во соработка со другите институции работат на целосно расчистување на случајот и откако ќе биде расчистен ќе ги информираат соодветно обвинителството и јавноста.