Хроника 24. јули 2020. / 11:32

МВР со детали за пукањето кај Бит Пазар: Напаѓачот е уапсен

МВР со детали за пукањето кај Бит Пазар: Напаѓачот е уапсен

Доцна синоќа било регистирано пукање на подрачје на Бит Пазар.

Од МВР информираат дека во 1:20 часот по полноќ полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(33) од Скопје.

Лицето е уапсено по претходна пријава на Д.И.(29) од Скопје дека неколку дена бил вознемируван од него и дека Н.М. со пиштол пукал кон станот на Д.И., но нема повредени. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.