Хроника 28. јули 2019. / 11:59

МВР со детали за починатиот рудар во Крива Паланка

МВР со детали за починатиот рудар во Крива Паланка

57-годишниот Б.М. е рударот кој загина во рудникот во Крива Паланка вчера при изведување на работни активности.

МВР информира дека со телесни повреди се здобиле рударите А.Н. (32) од Крива Паланка и Ј.М. (30) од паланечко.

Повредените рудари се пренесени во Клиничка болница во Куманово.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Крива Паланка, а од страна на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Facebook13TwitterEmail