МВР го потврди апсењето на Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо.
Од Министерството велат дека Трпковска го нарушувала јавниот ред и мир за време на НАТО вежбата „Одлучен удар“. Според МВР, Трпковска предизвикала инциденти каде ги попречувала полициските службеници во вршење на својата работа.
– Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ , лицата Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. – велат од МВР.