Хроника 13. јули 2018. / 19:37

МВР преку ДНК анализа ќе го бара насилникот кој го претепал 14 – месечното бебе (ВИДЕО)

МВР преку ДНК анализа ќе го бара насилникот кој го претепал 14 – месечното бебе (ВИДЕО)

Полицијата преку ДНК анализа ќе го бара насилникот кој го претепал 14 месечното бебе. Ќе се истражуваат сите траги кој ги оставил тој што го претепал бебето кое со денови е на Клиника и не се знае дали ќе се оперира и дали ќе има последици од нанесените тешки телесни повреди. Бебето викендов беше примено на КАРИЛ со скршеници на двете нозе, крвавење во мозокот и скршеница на челната коска. Се претпоставува дека и претходно било малтретирано бидејќи има и повреди со старо потекло кои не биле медицински третирани.

„Основното јавно обвинителство Скопје доби писмено известување од МВР, по што изготви наредби за утврдување битни факти во предметот, за ДНК и друг вид анализи на траги. Резултатите од наредените вештачења се очекуваат. Во меѓувреме, МВР продолжува да постапува по дадените насоки од страна на јавен обвинител и презема дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.“- изјавија од ОЈО за 1Тв.

Од МВР за 1Тв велат дека сеуште работат на случајот и не откриваат детали дали освен мајката и други лица се викнати на распит.

Мајката на бебето пак пред два дена откако беше задржана во полиција 24 часа, беше пак пуштена во Шелтер Центарот каде што ја сместија социјалните служби.

Таа е корисник на парична помош на лице кое до 18 години имало статус на дете без родители. Социјалните служби имале контакти со неа, а таа до сега не била евидентирана ниту како жртва, ниту како насилник. Од Центарот за социјални работи изјавија дека таа до сега се покажала како грижлива мајка.

На бебето му е одреден старател – социјален работник кој ќе одлучува за неговата иднина и ќе потпише за евентуални хирушки зафати кои би се вршеле врз него. А мајката и роднините имаат забрана за било каков контакт со него.

За првично даде контрадикторни изјави за тоа како настрадало бебето. Првично тврдеше дека тоа паднало од кревeтче, дека ги претепале роднини на сопругот кој е во затвор, за потоа да изјави дека насилникот е пријателот на сопругот кај кој таа живеела.