Хроника 10. декември 2018. / 18:56

МВР потврди: Внук си ја заклал бабата во Драчевo

МВР потврди: Внук си ја заклал бабата во Драчевo

66 годишна жена од скопско Драчево попладнево со нож била усмртена од нејзиниот внук, потврдуваат за Сител од МВР.

Убиството се случило на улицата ,, Антон Димитов”, во домот на убиецот кого полицијата го привела. Според информациите од истражните органи станува збор за дваесет годишниот А.Р.. Во моментов во тек е увид на местото на убиството, а полицијата најавува повеќе информации откако ќе заврши увидот на терен и по распитот на приведениот кој е осомничен дека го извршил убиството.