Хроника 19. февруари 2021. / 20:00

МВР потврди: Велешанец казнет за неносење маска починал откако му се сошило во полициска станица

МВР потврди: Велешанец казнет за неносење маска починал откако му се сошило во полициска станица

Шеесет годишен велешанец починал откако на улица го сопрела полиција поради тоа што не носел маска. Според информациите од МВР настанот се случил вчера во 13.40 часот на улицата Никола Караев, близу училиштето Васил Главинов.

Двајца полицајци го идентификувале велешанецот, и му пишувале казна но тој во еден момент ја грабнал личната карта од нивните раце и почнал да трча. Откако го фатиле го привеле во полициска станица но таму му се слошило. Била повикана итна помош која интервенирала по што иако бил однесен во велешката болница човекот починал.

Телото по барање на јавен обвинител е предадено на обдукција а за настанот е известена и внатрешната контрола на министерството која го истражува случајот.

Република објави дека велешанец починал откако му се слошило во полициска станица, но МВР тогаш се уште не сакаше официјално да го потврди случајот.