Хроника 04. март 2021. / 12:05

МВР: Поради повици за самоповредување родителите да внимаваат на активностите на децата на „Тик Ток“

МВР: Поради повици за самоповредување родителите да внимаваат на активностите на децата на „Тик Ток“

МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.

Од страна на Интерпол, соопшти денеска МВР, ја информира јавноста дека е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.

Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.