Охридскиот полицаец Стевче Стевоски одбил да се пензионира кога МВР му понудило таква опција во согласност со неговиот стаж и годините. Стевоски, кој поднел над 50 претставки против свои колеги полицајци во текот на своето работење, вели дека останува на работното место уште три и пол години и тоа го побарал од МВР во согласност со законските прописи.
Стевоски ќе работи како полицаец до 2021 година. „Ми понудија да се пензионирам, но одбив. Останувам на работа сè додека не се реши криминалот во МВР. Мојата работа не е завршена“, вели Стевоски.
Охридски полицаец поради лихварски долг му ставил пиштол во устата на должник
Охридскиот полицаец вели дека овие денови ќе ја формира и невладината организација „Жртви на митот и корупцијата“ преку која ќе се обиде да ја подигне свеста на граѓаните за кршењето на нивните права, вклучително и од службени лица во институциите што ги нарекува криминалци.
Во изминатиот период полицаецот Стевоски побарал и информативна средба со директорот на БЈБ, Лазо Велковски, за, како што вели, да го брифира за сите криминали во СВР Охрид и МВР, но тој одбил. Следно Стевоски ќе побара одговорност од Велковски преку Владата.
Началник се исплашил од охридски полицаец оти мавтал со хартија, го пријавиле дека бил пијан
Охридскиот полицаец Стевоски си поднел тужба и против себе
Стевоски објасни како казнувајќи ги своите шефови, колеги и високи функционери на МВР, кои го кршеле законот, станал цел на местенки, континуиран мобинг и закани. Вели дека поради честите казни со намалување на платата бил оштетен со 30 илјади евра затоа што работел според своите надлежности, а не според наредбите од старешините.