Хроника

МВР му го одземало пасошот на Вранишковски

МВР му го одземало пасошот на Вранишковски

Завчера на 9ти Јули, на граничниот премин Меџитлија кај Битола, од страна на Министерството за внатрешни работи одземена му е патната исправа на српскиот егзарх Јован Вранишковски, јавува Експрес.

Според групата следбеници на екс владиката на МПЦ – ОА, МВР не дало објаснување за одземање на пасошот.

Според ПОА “таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото”.- пишува Експрес.