Хроника 22. февруари 2021. / 15:15

МВР: Јордан и Влатко Мијалков се повикани на информативен разговор, но не се приведени

МВР: Јордан и Влатко Мијалков се повикани на информативен разговор, но не се приведени

Министерството за внатрешни работи ги демантира написите во некои медиуми дека се приведени синот на Сашо Мијалков, Јордан и братот Влатко.

Оттаму велат дека тоа не е точно и додаваат дека Јордан и Влатко Мијалков се повикани на информативен разговор, но не се приведени.

– Се повикуваат на информативен разговор членови на неговото семејство, обезбедувувањето и сите кои би можеле да имаат некакви информации, вели за „Република“ портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.