Хроника 13. ноември 2018. / 14:49

МВР: Груевски не ја поминал границата на ниту еден легален премин

МВР: Груевски не ја поминал границата на ниту еден легален премин

По објавата на екс премиерот на социјалните мрежи дека побарал азил во Унгарија, од МВР информираат дека Груевски не ја поминал границата на Македонија на ниту еден од легалните премини. Полицијата се уште истражува и дали пораката на социјалните мрежи а напишал Груевски и дали таа е вистинита или има за цел да ја дефокусира потрагата.

Екс премиерот Никола Груевски на социјалните мрежи објави дека се наоѓа во Унгарија каде што побарал политички азил од унгарските власти.