Хроника 23. август 2020. / 21:00

МВР ги бара „тепачите“ од „Тикток“

МВР ги бара „тепачите“ од „Тикток“

Министерството за внатрешни работи ги бара тепачите од видеото од социјалната мрежа „Тикток“ кое вчера го објави ТВ Сител, а на кое се сугерира напад случен во Македонија на група од барем три лица врз едно момче. Полицијата не открива многу детали.

„Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста“ кратко изјавија од таму.

Случајот предизвика бројни реакции и затоа што на краткото видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“ со знамиња е „обележана“ ентичката припадност на напаѓачите (албанско знаме) и нападнатиот (македонско знаме).

Не е јасно точно каде се случил овој напад.