На 18.12.2019 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“ го лишиле од слобода Т.П.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.12.2019 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Гоце Делчев“ го лишиле од слобода Х.М.(47) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден, во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Црногорска“ го лишиле од слобода З.В.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.12.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во куќата на Г.Р.(25) на ул.„Караагач“ во гостиварски Балиндол. При претресот била пронајдена и одземена дробилка со марихуана. Г.Р. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.