Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски, вечерва кажа дека увидот на местото на несреќата на патот Скопје-Тетово се уште трае, а ќе продолжи и во текот на ноќта и утре.
Истовремено, дадена е наредба за обдукција на загинатите.
– Трагично е што во несреќата има 13 загинати и 30-тина повредени. Автобусот на ‘Дурму турс’ кој патувал кон Тетово околу 16.45 часот изгубил контрола, излетал од патот и се превртел. Најмногу од повредените се пренесени на скопските клиники, двајца се во тетовската клиника, а еден повреден во гостиварската. – изјави за МКД.мк Ангеловски.
Тој апелираше да не се шират шпекулации во врска со причините за несреќата и кажа дека веќе е разговарачно со возачот на автобусот, а по завршување на увидот ќе се знаат повеќе детали.
Инаку, сообраќајот на патот Скопје-Тетово и Тетово-Скопје, како што информира Автомото сојузот на Македонија е во целосен прекин.