Хроника 11. јули 2018. / 12:41

Мртов маж пронајден на задното седиште од автомобилот кај Струга

Вчера наутро околу 08 часот и 40 минутиво автомобил било проајдено тело на мртов маж.

Имено пријавено е дека во Струга кај мостот на реката Сатеска во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат 63- годишниот Н.С од село Теферич- струшко.

Бил извршен увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.