Хроника 02. февруари 2019. / 20:56

Мртов маж пронајден на пругата кај Велес

Мртов маж пронајден на пругата кај Велес

На пругата Велес – Градско кај железничката станица „Згрополци“ вчера во 18.45 часот машиновозач забележал тело на маж на пругата, информира СВР Велес.

Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски, по извршeниот увид утврдено е дека се работи за шеесет и двегодишен жител на Велес М.О., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.